Велков е „зицер“ мајстор – им фати три по ред на Алкалоид (ВИДЕО)
Покрај средниот бек Страхиња Симиќ, кој го даде голот за реми во последните секунди на дуелот меѓу Тиквеш и Алкалоид, 31-31, меѓу најдобрите поединци кај кавадарчани беше и голманот Марјан Велков. Тој досега во повеќе наврати има покажано дека е мајстор за удари од седум метри, но сега против новиот суперлигаш покажа дека е мајстор и за зицер ситуации. Од 15 одбрани што ги имаше за четириесетина минути на теренот, три од нив беа по ред од зицер ситуации. Погледнете....