Вардар ја крена самодовербата, Мотор беше загревање пред Веспрем (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Мотор (СЕХА лига)

Вардар забележа победа од 32:27 во СЕХА лигата против составот на Мотор Запорожје со што му врати на тимот од Украина за претрпениот пораз на негов терен.Гаџа со осум гола беше најефикасниот на теренот, додека Георгиевски и Дибиров ја завршија средбата со по шест погодоци.

После поразот од Нексе во средата ракометарите на Вардар денеска покажаа дека тоа беше ден на слабост и дека има уште што да покажат на теренот и го совладаа Мотор со 32:27. Во текот на сите 60 минути вардарци беа во предност и покажаа дека се во предност во однос на противникот така што во ниту еден момент не беше дозволено тимот од Украина да се доближи и да се врати во игра. Оваа победа беше за враќање на самодовербата пред дуелот против Веспрем следниот четврток во осминафиналето во ЛШ. Гаџа беше најефикасниот со осум гола, додека Георгиевски и Дибиров завршија со шест погодоци во овој триумф.