{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 42Во Битола Вардар денес славеше победа од 23:26 со која „црвено-црните“ дојдоа на чекор од нова титула во домашното првенство. Атмосферата на трибините беше фантастична, домаќините веруваа дека со победа или реми тие ќе бидат поблиску до титулата на која чекаат цели 17 години, сепак на крајот „црвено-црните“ го преживеаа битололскиот вулкан, а по победата разбирливо следуваше големо славје. Вардар сега има се во свои раце и со победа во последните три кола ќе ја прослават новата титула.