{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 20Тимот на Вардар полека се враќа на своите стари патеки, и со победата во дербито против Еурофарм Пелистер од 30-25 (15-12) најави дека „црвено-црните“ сезонава се меѓу фаворитите за трофеите и за враќање на шампионската титула. Вторпат за 11 дена го победи големиот ривал од Битола. На голот блескаше Томовски, српското трио Срдановиќ, Петриќ и Николиќ заедно со Лазаревски беа задолжени за голови, а Јасухира ќе им стане ноќна мора на пелистерци. Следно за Вардар е домашниот меч со Пролет, додека Еурофарм Пелистер ќе игра прво со Алборг на гости во ЛШ, а потоа во петок и сабота два меча против Мулти Есенс и Голден Арт.