Борко и Чане блескаа во СЕХА, имаат ТOП 10 одбрани за март (ВИДЕО)

Голманите на Вардар и на Еурофарм Пелистер, Борко Ристовски и Градимир Чаневски се најдоа во изборот на најдобри одбрани за март во СЕХА лигата. Двајцата се вброени меѓу голманите со своите интервенции така што се во елитното друштво и добија можност да бидат меѓу најдобрите. Секако со интервенциите кои ги имаа тоа го заслужија, а ова е само продолжение бидејќи и досега барем еден од голманите од македонските тимови редовно бил во изборите или во СЕХА или во европските купови.