Битолчанки ја освоија Гевгелија

Во рамките од Женската лига, екипата на Пелистер славеше против Гевгелија со резултат 25:21 во натпревар од Групата А. Ракометарките на Пелистер со новите освоени бодови се вклучуваат во борбата за третото место во групата.

Ракометарките од Битола во првото полувреме беа подобар противник на терен. Уште од самиот почеток имаа контрола на резултатот кој по петнаесетина минути игра беше 7:3 за избраничките на Кире Митревски. Сите обиди на домаќинките за враќање во игра беа без успех. Битолчанки имаа плус пет, 10:5, но ракометарките на Гевгелија со подобрата игра во завршните минути од првиот дел успеаја со серија од 3:0 да намалат на минус два, 8:10. Пелистер на полувреме замина со предност од 11:8.

Вториот дел донесе голема борба на теренот. При водство на Пелистер од 17:15, ракометарките на Татјана Бојкова со два гола во низа го изедначија резултатот на 17:17. Во 39. минута, Гевгелија остана без Бојана Басова која заработи директен црвен картон. Сепак, Пелистер ја искористи секоја грешка на домашната екипа и со погодоците на Наумовска и Босилковска стигна на плус два 19:17. На осум минути пред самиот крај резултатот беше на страната на гостинките кои водеа со 21:19.

Во самиот финиш целосно се распадна играта на домашниот состав. Пелистер дополнително ја зголеми својата предност и рутински до самиот крај воспостави контрола на самиот резултат. Најефикасна во победничката екипа беше Моника Босилковска со осум погодоци. Во Гевгелија листата на стрелци ја предводеше поранешната репрезентативка на Македонија, Драгица Митрова со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080