Битолчани со нов „инфаркт“ меч – сега заслужено се радуваа и се чекор до финале (Фотогалерија)

СТРУГА 2022: РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР vs РК ТАТРАН ПРЕШОВ

До последната минута дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Татран имаше драма и незивесност, и со одбраната на Марко Кизиќ во последните 30 секунди тимот од Битола ја оствари втората победа на турнирот во Струга. „Зелените“ одиграа многу подобро, поразновидно и формата оди во нагорна линија. Останува уште еден чекор до финалето, утрешниот дуел со АЕК. Им треба најмалку реми, но секако ќе одат на нов триумф.