четврток, октомври 30, 2025

БИТОЛЧАНИ ОД БАЛКОНИ ГИ ПОЗДРАВИЈА НОВИТЕ ШАМПИОНИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прослава на плоштад Битола

По прославата на титулата во „Боро Чурлевски“, ракометарите на Еурофарм Пелистер заминаа на плоштадот „Магнолија“. Таму ги чекаа многу битолчани, кои ги поздравија и му се израдуваат на трофејот што го чекаа 18 сезони. Познатиот Широк Сокак беше премал да ги собере сите битолчани кои сакаа да ги поздрават ракометарите. Ниту лошото време во Битола не беше пречка, а симпатизерите на клубот да се појават на плоштадот. Славјето сигурно ќе трае уште долго во ноќта...