Битолчани го прославија 13.трофеј во Струга – сега имаат „реми“ со Вардар (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер славеше во финалниот натпревар на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир против Целје со 7-6 по изведувањето на пеналите. Победата во Струга ќе биде вистински мотив пред дуелите во СЕХА лигата. Сезонава „зелите“ имаат тим зрел за големи успеси и уште титули. Освоената титула во Струга, „фармацевтите“ како по обичај, ја прославија со најверните навивачи, кои му даваа поддршка на тимот на Ларс Валтер на сите четири натпревари на турнирот во Струга. Ова беше 13.трофеј во Струга за битолскиот тим, и сега заедно се со Вардар на врвот со по 13 трофеи...