Барјактаревиќ ja собра паjaжината – испрати неодбранлив проектил од десет метри (ВИДЕО)
Ракометарите на Струга немаа шанси против Бутел Скопје во финалниот натпревар од четвртфиналната група во Купот на Макеоднија и загубија 23:29. Еден од најдобрите на теренот во тимот на Струга беше Жарко Барјактаревиќ кој беше и најефикасен со осум гола. Последниот гол на натпреварот беше дело токму на Барјактаревиќ и беше вистински проектил. Во последните секунди од дуелот Барјактаревиќ со скок со две нозе биеше неодбранливо и го постави кокнечниот резултат. Голот може да го погледнете во следното видео.