Екипата на Јехона пред својата публика оствари сигурна победа против Текстилец од Штип, со резултат 27:24, во натпревар од 12. коло од групата А во Првата лига. Јехона уште од самиот старт беше во водство и во ниту еден момент не дозволи гостинот да фати приклучок. Еден од предводниците во победничката екипа беше левото крило Михајло Живковски, кој постигна пет гола. Еден од погодоците на Живкоски беше постигнат на атрактивен начин. Тој во контранапад, погоди со шрауба во голот на тимот од Штип. Погледнете....