АТРАКЦИЈА во Женската лига – Ѓорѓиева погоди од седмерец со пируета! (ВИДЕО)

Една од најдобрите во екипата на Кузман Вардар, Анастасија Ѓорѓиева, која, моментално, е меѓу 15-те најдобри стрелци во Женската лига, на натпреварот против Феникс во рамки од последното (14) коло во плеј-аут фазата беше најефикасна во својот тим со осум погодоци. Иако, Кузман Вардар беше убедливо поразен од битолската екипа бидејќи настапи без голман, дел од погодоците на домашната екипа беа постигнати на атрактивен начин. Убедливата победа на Феникс остана во сенка, а натпреварот го одбележа атрактивниот погодок на Анастасија Ѓорѓиева, кој беше постигнат од седмерец.