Атрактивен цепелин на Дутра и Моралес (ВИДЕО)
Ракометарите на Вардар ја забележаа втората победа во регионалната СЕХА лига, дивизија „Југ“, откако на домашен терен славеа над словачкиот првак Татран Прешов со 29-24. Публиката во СЦ „Јане Сандански“ уживаше во одлична игра на ,,црвено-црните" кои имаа убави потези и постигнаа неколку атрактивни голови. Голот на денешниот дуел беше дело на Леонардо Дутра, со цепелин по асистенцијата на Куни Моралес.