Во рамки од плеј-аут Женската лига штипски Астибо на гостински терен ја совлада ЖРК Гевгелија со 22:28.
Првото полувреме донесе изедначена игра во која само во финишот гостите успеаа да направат три гола разлика при водството 7:10, сепак Гевгелија не дозволи да има поголема негатива па на полувреме замина со -2 (11:13).
Стартот на вториот дел донесе подобра игра на домашната екипа која и го презема водството со 14:13, тоа беше само второ водство за Гевгелија, после водечкиот гол за 1:0 на стартот на натпреварот.
Но, како што одминуваше времето гостите полека ја преземаа контролата, па завршницата успеаа да дојдат до неколку кратки серии од два-три гола за на крајот да слават со шест гола разлика.
Најефикасна во редовите на домаќините беше Митрова Драгица од Гевгелија со осум постигнати гола, додека на спротивната страна Анчева Марија одигра уште еден одличен натпревар и со 10 гола го водеше Астибо до победата.