Акција за најавни шпици: Од тука беше потешко да промаши отколку да погоди (ВИДЕО)

 

Првата средба од четвртиот ден на Светското првенство во Египет меѓу Белорусија и Јужна Кореја донесе интересен ракомет и многу интересни моменти. Победата на Белорусија не беше доведена во прашање во ниту еден момент така што рано беше јасно кој победува. Сепак, остана една интересна акција во која беше потешко да се промаши голот бидејќи немаше голман во тие моменти. Таеунг Ким беше во контра и требаше само да ја протурка топката до голот. Тој реши да бие од земја, па топката заврши во пречка и се одби во поле. Дефинитивно, за најавни шпици за најинтересни моменти од ракометните терени.