„Ако одам во Битола“…во Кина се тренира со македонска музика (ВИДЕО)
На тренинзите на кинескиот клуб Шандонг, се слуша македонска музика, која треба да им биде дополнителна мотивација на кинеските ракометарки. Секако дека најзаслужен за тоа е македонскиот стратег Иван Марковски, кој од летово има нов тренерски предизвик. Тој го презема водењето на клубот Шангдонг, а до крајот на годината се очекува Македонецот да ја води и селекцијата на Кина, која ја очекува настап на Азиското првенство во декември. Како звучи „Ако одам во Битола“ среде Кина...