Вечерва некаде по 20:00 часот во скопската населба Ѓорче Петров се случи сообраќајна несреќа во која учествувале две возила и пешаци кои чекале автобус на локалната постојка.
Во очекување на потврда од официјални лица, информациите од местото на настанот потврдуваат дека во несреќата се повредени две девојки, ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар, кои со возило на брза помош се пренесени во болница.
Според извори на 24Ракомет двете девојки се задржани во болница, без посериозни физички повреди и се очекува во текот на утрешниот ден да бидат пуштени на домашно лекување.
Според очевидци, џип кој се движел од Ѓорче Петров кон Центар, изгyбил контрола и yдрил во двете девојчиња кои чекале на автобуската станица, откако се обидел да го избегне друг автомобил, кој пак според првичните информации, му го преcекол патот и навлегол во лентата на која возел џипот.