{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 21




Еурофарм Пелистер – Загреб










































1
/ 21Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше против хрватскиот Загреб со 25-23 во натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите. Иако битолчани можеа многу порано од последните секунди да го решат победникот, сепак дозволија драма, 24-23, Загреб имаше напад да си замине со бод од тешкото гостување, но не беше искористен, остана време за Хеидарирад да постигне погодок на празен гол и да ја потврди победата. Пелистерци имаа силен старт, плус четири, напад и за плус пет, но до паузата Загреб се врати на гол негатива. Гостинскиот голман Грбавац успеа со неколку одбрани да го врати хрватскиот првак во второто полувреме. Имаа гостите и егал, потоа и плус два, но не издржаа до крајот во битолскиот пекол кој го создадоа „Чкембари“. На крајот заслужена победа на македонскиот првка кој запиша важни бодови на стартот во елитното натпреварување.