📷 Тиквеш држи европски курс

Бутел Скопје – Тиквеш

Ракометарите на Тиквеш остварија победа на гостувањето кај Бутел Скопје со 29-25 и сега се блиску до петтото место во суперлигашкиот плеј-оф. Иако домаќините имаа одличен старт, сепак во финишот на првото полувреме гостите ја преземаа контролата и успеаја да направат комплетен пресврт. Вториот дел мина во доминација на кавадарчани, имаа во повеќе наврати шест гола предност и без особени проблеми го одработија финишот на мечот. Сега Тиквеш има пет бода на петтото место кое можеби ќе донесе настап во Европа, а Бутел останува на два освоени бодови.