{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 23




ГАЛЕРИЈА: Бурса – Тиквеш














































1
/ 23Ракометарите на Тиквеш се израдуваа на третото место на 53. издание на Струшкиот турнир, откако по пенал-серијата успеаја да ја совладаат Бурса со 21-19. Во регуларниот дел, мечот што траеше 40 минути заврши 16-16, а кавадарчани ги реализираа сите пенали потоа и заслужено славеа. По десетина минути игра и резултат 2-2, мечот беше прекинат повеќе од триесетина минути и наместо на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ поради дождот се одигра во СЦ „Тими“. Во пенал серијата погодија Лазов, Коцев, Димовски, Мијушковиќ и Чејовиќ, а од гостинскиот тим промаши Шешиќ кога на голот на Тиквеш стоеше Панов и радоста на кавадарчани можеше да започне.