📷 ОХРИД 2025: Бод со Тримо како загревање за мега-двобојот со Вардар

ГАЛЕРИЈА Еурофарм Пелистер – Тримо

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер стартуваше со реми на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во драматична завршница со голот на десниот бек Анжеј Видомски одигра 32-32 со словенечкиот Тримо Требње. Без капитенот Кузмановски, потоа голманот Митревски, десниот бек Хосни, како и одамна повредените Ристевски и Кузманоски, пелистерци се намачија да стигнат барем до бод во Охрид. Губеа со пет разлика, па се вратија во егал, водеа и со два гола, но се чини дека по сите случувања, македонските шампиони треба да бидат среќни со ремито.