📷 ОХРИД 2025: Чупиќ ги проба сите вардарови сили, се склопува „црвено-црниот“ мозаик

ГАЛЕРИЈА Вардар – Динамо

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, екипата на Вардар, со победа го стартуваше настапот на 4. издание на меморијалот. Пред налетите на момците на Иван Чупиќ падна Динамо Панчево, кој беше совладан со 29-27. Стратегот на Вардар на овој дуел не сметаше на повредените Борозан и Стаменковиќ, а од комбинација отпаднаа Пинто, Ќосевски, Лазаревски и Еспиња за дуелот со Динамо Панчево. Хрватскиот стратег одлично ја распредели минутажата во двете полувремиња кај сите свои избраници, па на голот по 30 минути бранеа Гогов и Валах, а играа и новите засилувања Талески, Анастасовски, Марчињак, Боно, Кавада, Кеита...