🎥Брестовац пак беше херојот – одбрани шут во последната секунда!

Машката младинска репрезентација на Македонија повторно одигра нерешено против Полска, 27:27. Како и во вчерашниот натпревар, голманот Давид Брестовац беше херој на Македонија, откако ги спречи домаќините да победат, во последната секунда го запре ударот на ривалот од девет метри и натпреварот заврши без победник.