🎥 ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Ракометар врескаше од болка по скршеница – цела сала занеме!

Во 43. минута од натпреварот меѓу Шведска и Грузија се случи вознемирувачки момент кога на паркетот остана да лежи грузискиот репрезентативец Ерекле Арсенашвили. По еден дуел, изгледаше дека дојде до скршеница на коленото или зглобот на ногата. Целата арена во Малме занеме, а медицинските екипи веднаш испратија носилки на теренот. Несреќниот Арсенашвили беше изнесен надвор со болни гримаси на лицето, додека шведската публика го испрати со аплауз како знак на поддршка. Грузија ќе мора без него на последниот меч од групата против Холандија.