🎥 Роденденско изненадување за Михајловиќ на ден пред СП
На денот пред стартот на Мундијалот во Полска, кружниот напаѓач на младинската репрезентација Дејан Михајловиќ го прослави својот 20. роденден. Соиграчите и стручниот штаб му приредија роденденско изненадување на денот пред стартот на Светското првенство, Македонија утре го стартува настапот на Мундијалот и победа над Фарски Острови ќе биде сигурно најубав подарок за младиот кружен напаѓач.