🎥 Ремек дело на Тајник – гол со шрауба за ерупција на битолскиот вулкан!

Во овие моменти македонскиот шампион Еурофарм Пелистер игра против данскиот ГОГ Гудме во Лигата на шампионите, а по првиот дел е 14-14. Еден од погодоците што го одбележаа првиот дел е малото ремек дело на Домен Тајник, кој се ослободи од својот чувар и со атрактивен потег-шрауба погоди во данскиот гол, што предизвика ерупција на битолскиот вулкан. Погледнете...