View this post on Instagram
🎥 „Гладијаторите“ ја расплакаа Битола – еве го голот на Охрид вреден два бода!
Со гол во последната секунда средниот бек Тилен Стрмљан му донесе победа на Охрид на дербито во Битола, 27-26, со што охриѓани сериозно влегуваат во борба за второто место на табелата. Ова е вторпат сезонава Еурофарм Пелистер да загуби среде Битола во првенството, откако претходно тука триумфираше и Вардар.








