🎥 Емотивен крај – Дувњак, Карачиќ и Пешиќ испратени како херои!

 

 

Репрезентацијата на Хрватска убедливо ја совлада Чешка со 36:20 и го завери пласманот на Европското првенство 2026. Навивачите во „Арена Загреб“ по завршувањето на натпреварот останаа многу долго, бидејќи следеше свечено збогување со Домагој Дувњак, Игор Карачиќ и Иван Пеишиќ, кои ја завршија својата репрезентативна кариера со светското сребро оваа година. По завршувањето на СП, тројцата ракометари одлучија да им го отстапат местото на помладите.