понеделник, јануари 20, 2020

Томовски за 24 Ракомет ТВ: Хемијата од младинскиот состав ќе ја пренесеме во сениорскиот (ВИДЕО)

Голманот кој сезонава настапува во Бундес лигата, Мартин Томовски доби многу на искуство со настапите во оваа лига, а сега тоа ќе треба да го потврди и со настапите во сениорската репрезентација. Тој заедно со Кизиќ е на голот во Турција, па добива одлична шанса да ги покаже своите квалитети.

„Ова се противници по мерка и солидни ривали. За Италија немаме многу информации. Сите кои ќе добиеме шанса ќе се обидеме максимално да ја искористиме и сигурно тоа ќе биде од големо значење за сите нас. Помладите се знаеме меѓу нас и хемијата од порано можеме да ја пренесеме и во сениорскиот тим“, изјви Томовски за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.