Деспина блиску до петто место, во Прилеп совладан Ѓорче Петров

Ракометарките на Деспина се многу блиску до петтото место оваа сезона во Женската лига.

Во Прилеп, избраничките на Страшо Илиески не дозволија изненадување против Ѓорче Петров и славеа триумф со 30-23.

По првото полувреме, прилепчанки водеа со 14-11, иако гостинките одржуваа резултатска рамнотежа во поголем дел од мечот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ева и Елена Рипилоски со седум, односно шест погодоци, додека кај Ѓорче Петров се истакна Тамара Србиновска со осум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080