четврток, октомври 21, 2021

Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје (ЛИНК)

Еден од дерби дуелите во 2. коло од Супер машката лига. Овој дуел ќе биде тест за силата на двата состави. На стартот втората екипа на битолчани имаше дуел против првиот тим и затоа денеска ќе се види колку момците можат во оваа сезона со оглед на тоа што имаат изменет состав и ракометари кои ќе се обидат да покажат дека имаат место и во првиот тим. Бутел Скопје, пак, после тешката средба против Прилеп и победа обезбедата во последните моменти од средбата денеска ќе има задача да покаже дека има квалитет за уште една сезона во која ќе има место во плеј-офот. Натпреврот се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Почетокот е во 19 часот.