понеделник, јануари 17, 2022

Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 (ЛИНК)

Двете екипи од Битола денеска ќе имаат клупски двобој во рамки на 6. коло од плеј-офот во Супер машката лига. Сосема извесно е кој е фаворитот тука, па за очекување е бодовите да бидат за формално домашниот состав на овој натпревар. На контролните средби кои ги играа секогаш имаше интересни двобои, па може да се очекува и денеска да биде исто. Средбата почнува од 16 часот, а се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.