ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Грчевски избра 16 ракометарки за Германија

|
15:11
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со светскиот вицепрвак Германија во натпреварот од 5 коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026.

Селекторот Кристијан Грчевски ги избра ракометарките за оваа пресметка, а од тие што беа повикани за оваа акција, од комбинација отпаднаа Теодора Дукоска, Леона Миленкоска, Таида Беровиќ и Матеа Чурлиновска.

Дамите се во трка по место на ЕП 2026, најверојатно преку третото место ако не направат изненадување против Германија или Словенија. Повеќе детали за шансите на Македонија прочитајте ТУКА.

Гостинките додјдоа со втор состав во кои ќе има пет дебитантки, но и неколку искусни ракометарки. Мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ денеска од 18:00 часот, а влезот е слободен.

Германија е прва со осум бода и веќе пласирана на ЕП, Словенија има четири, додека Македонија и Белгија по два. Ако Словенките слават на гости кај Белгија, тогаш ќе го потврдат второто место на табелата во случај и Германија да победи во Скопје.

Share on Facebook

Познати учесниците на Ф4 во СЕХА лигата – еве кои екипи ќе се борат за трофеј

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
21:24
Share on Facebook

Се комплетираа четвртфиналните парови во Дивизијата Исток на регионалната СЕХА лига што се игра на терените во Русија и Белорусија, па познати се екипите што ќе се борат за трофејот.

Две руски екипи – Зенит и Виктор Ставропол, како и две белоруски екипи – Мешков Брест и СКА Минск ќе играат на завршниот турнир.

Тој е закажан за 13 и 14 јуни во салата „Викторија“ во Брест, каде што и во минатото се одржувале завршни турнири во оваа конкуренција.

Во првото полуфинале ќе се соочат екипите на Мешков Брест и СКА Минск, додека во втората полуфинална битка ќе играат Зенит и Виктор.

Share on Facebook

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ 55.290.290 ДЕНАРИ ЗА ВЛТ ДОБИВКИ ВО МАРТ

Авор: Редакција
| 6 април 2026
11:14
Share on Facebook

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 55.290.290 денари на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026.

Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни. Во март имавме:

  • 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 25.068.342 денари
  • 16 МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 23.212.191 денари
  • МИНИ џекпот добитници → играчите заедно поделија 7.009.757 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните играчи низ Македонија им се исплатени преку три милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.

Само за потсетување, минатата 2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за ПРЕМИУМ, РОЈАЛ, СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ џекпот!

Share on Facebook

Вардар во одбрано друштво – осум екипи во трка за Ф4 во Лигата на Европа

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
22:42
Share on Facebook

Четири германски екипи и по една од Македонија, Франција, Португалија и Хрватска ќе играат во четвртфиналето на Лигата на Европа.

Сите бундеслигаши што се дел оваа сезона од второто по ранг европско клупско натпреварување, обезбедија место во ТОП 8, а најмалку една германска екипа ќе има на Ф4 бидејќи ќе се соочат Фленсбург и Хановер меѓусебе.

Вардар оди на мегдан на Монпелје, додека Кил ќе биде голем фаворит против хрватскиот вицепрвак Нексе.

Се очекуваат возбудувања на двобојот меѓу Порто и Мелсунген, но тимот на Роберто Парондо ќе ја има фаворитската улога.

Првите натпревари од оваа фаза се играат на 28 април, додека реваншите се на 5 мај. Победниците од четвртфиналето ќе се пласираат на Ф4 што е закажан за 30 и 31 мај во Хамбург.

Лига на Европа, четвртфинале:

Монпелје – Вардар
Нексе – Кил
Мелсунген – Порто
Фленсбург – Хановер

Мелсунген во четвртфинале на ЛЕ откако ја „збриша“ Фредериција

Елверум го победи Монпелје и покажа како треба Вардар да игра против нив

Share on Facebook

Вардарци можат да ладат шампањско – титулата е веќе на пат за „Јане Сандански“

Авор: Душко Андов
| 8 април 2026
20:26
Share on Facebook

По поразот на Еурофарм Пелистер на домашен терен од екипата на Охрид, 27-26, јасно е дека повеќе од сигурно дека титулата по три сезони пауза ќе се врати во Скопје. Само чудо, и тоа огромно, треба да се случи за да не се валоризира сегашната предност на „црвено-црните“ во плеј-офот.

По четири одиграни кола во плеј-офот, Вардар има 50 бодови, додека Охрид е втор со 42, а исто толку има актуелниот првак Еурофарм Пелистер на третото место. Се играат вкупно десет кола.

Вардарци утре ги чека средба со Бутел Скопје од петтото коло, на која се големи фаворити, а по Ф4 во Купот на Македонија, кој е закажан за следниот викенд, ќе го одиграат дуелот со тимот на Лазаров на 25 април.

Победа на тој натпревар и математички ќе им ја донесе титулата на „црвено-црните“ на четири кола до крајот на плеј-офот, па ќе можат без притисок да се подготвуваат за двомечот од четвртфиналето на Лигата на Европа со францускиот Монпелје.

Три сезони по ред шампион на Македонија е Еурофарм Пелистер, но оваа сезона е јасно дека Вардар нема да пропушти прилика да се врати на тронот.

Share on Facebook

ТРАНСФЕР БОМБА: Охрид го носи Косуке Јасухира – и тоа веднаш!

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
20:11
Share on Facebook

Во финишот на сезоната Охрид ќе биде уште посилен – доаѓа некогашниот среден бек на Вардар, Косуке Јасухира!

Според информациите на 24Ракомет, јапонскиот интернационалец се враќа во македонското првенство и ќе им помогне на „гладијаторите“ во походот кон најдобриот клупски резултат во историјата.

Во финишот на сезоната охриѓани ќе имаат напоред распоред, особено до средината на мај, кога ќе се игра среда-сабота со натпреварите од суперлигашкиот плеј-оф, Купот на Македонија и ЕХФ Европскиот Куп.

Ракометната приказна на Јасухира почнува во Нипон Универзитет, а пошироката јавност го забележа на кадетскиот Мундијал во 2019 година во дресот на Јапонија, па се пресели во Европа.

Најпрво беше дел од францускиот Ним, па од Висла Плоцк во сезоната 2022/23, пред да биде позајмен во Вардар за сезоната 2023/24. Веднаш ги освои симпатиите на навивачите на скопскиот клуб, беше МВП на Струшкиот турнир и имаше значајна улога во освојувањето на Супер Купот.

Остана само една сезона во Вардар, кратко играше за Ал Кадсија од Кувајт, а досега беше дел од Бурган, каде што настапуваше заедно со Стипе Мандалиниќ.

Охриѓани со евентуалниот ангажман на Јасухира ќе добијат одлично решение на позицијата каде товарот го изнесува само Тилен Стрмљан, по повредата на Ловро Јотиќ.

Share on Facebook