Играше за Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид – сега има нов клуб

|
09:55
Share on Facebook

Некогашниот ракометар на Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, Ловро Јотиќ, ќе има нов предизвик во кариера.

Хрватскиот среден бек се враќа на терените по тешката повреда на стартот на минатата сезона и ќе заигра за романскиот тим Стеауа Букурешт.

Низ кариерата Јотиќ, покрај во македонските клубови, играше и за Загреб, Нексе, Алборг, Лајпциг…

Стеауа Букурешт има лош старт на сезоната со четири порази на четири меча, па со Јотиќ се надеваат дека опстанокот во елитната романска конкуренција нема да биде доведена во прашање.

Share on Facebook

Ла Риоха не реализира за триумф среде Гдањск, пет екипи на максимум во ЛЕ

Авор: Душко Андов
| 13 октомври 2026
22:57
Share on Facebook

Како и во минатото коло, екипата на Вибжеже Гдањск не успеа да победи на домашен терен, овојпат против Ла Риоха, која имаше напад за два бода, но не успеа да реализира во последниот напад, па мечот заврши 30-30.

Гостите во првиот дел водеа со три гола, домашните имаа плус во второто полувреме, а по 22-22 на петнаесетина минути до крајот, се играше гол за гол до самиот крај. Голманот на Ла Риоха, Ледо, имаше 13 одбрани, а Оливиера имаше девет гола, исто колку што даде и Морковски од полскиот тим.

Сега во групата Г на врвот е Вибжеже Гдањск со четири бода, исто толку има и второпласираниот Гумерсбах, Ла Риоха е трета со три бода, додека Еурофарм Пелистер има еден.

Пет екипи останаа на максимум во Лигата на Европа по три кола и со една нога веќе се во слендата фаза – словенечкиот Слован, францускиот Лимож, германскиот Фленсбург, шпанската Торелавега и швајцарскиот Кадетен, додека без бодови останаа по три кола унгарската Татабања, романскиот ЧСМ Букурешт, чешката Карвина, францускиот Сен Рафаел и исландскиот Хафнарфјордур.

Лига на Европа: 

група А
Елверум – Нексе 37-39
Хамарби – Сен Рафаел 34-26

група Б
Лимож – Бидасоа Ирун 32-28
Маритимо – Хафнарфјордур 37-29

група Ц
Шамбери – Кадетен Шафхаузен 28-35
ЧСМ Букурешт – Извиѓач Љубушки 24-25

група Д
Татран Прешов – Савехоф 25-38
Сесвете – Бергишер 37-31

група Е
Фленсбург – Бузау 36-27
Агуаш Санташ – Гранољерс 31-32

група Ф
Торелавега – Холстебро 38-30
Карвина – Бенфика 26-35

група Г
Гумерсбах – Еурофарм Пелистер 38-28
Вибжеже Гдањск – Ла Риоха 30-30

група Х
Морс – Слован Љубљана 30-36
Валур – Татабања 38-34

Share on Facebook

Поранешниот миленик на скопјани се враќа во ракометот – доби важна улога во Црна Гора

Авор: Редакција
| 14 октомври 2026
16:03
Share on Facebook

Младен Ракчевиќ повторно ќе биде покрај ракометниот терен. Некогашниот црногорски репрезентативец, кој остави голема трага и во македонскиот ракомет со настапите за Вардар и на Металург, е избран за прв асистент на новиот селектор Зоран Рогановиќ.

Ракометната федерација на Црна Гора го потврди составот на стручниот штаб, а Ракчевиќ ќе биде најблискиот соработник на Рогановиќ во неговиот втор мандат на клупата на „лавовите“. За Ракчевиќ ова практично значи враќање во спортот на кој му го посвети најголемиот дел од животот.

По крајот на играчката кариера, тој се повлече од ракометното секојдневие и се посвети на семејниот бизнис. Во селото Смоковци, на околу 15 километри од Цетиње, ја развива „Винарија Ракчевиќ“, во старата семејна куќа и на имотот на неговите предци. Производството е мало и семејно, а меѓу сортите со кои работат се вранец, кратошија, каберне совињон и мерло.

Интересно е што Ракчевиќ пред неколку години отворено зборуваше дека размислувал и за тренерска кариера, но во тој момент чувствувал дека тоа можеби не е патот за него. Сега, сепак, ракометот повторно го повика.

За македонската публика Ракчевиќ е многу добро познато име. Црногорскиот пикер мина вкупно седум сезони во Скопје. За Вардар настапуваше од 2005 до 2009 година, а по една сезона во Колубара се врати во Македонија и од 2010 до 2013 година го носеше дресот на Металург. Со двата клуба освојуваше домашни титули и Купови, а со Металург играше и во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Колку Македонија му значи, самиот најдобро објасни во едно интервју по завршувањето на кариерата. Тогаш откри дека во периодот пред осамостојувањето на Црна Гора постоела реална можност да го облече и дресот на Македонија.

Ракчевиќ и Рогановиќ многу добро се познаваат и од репрезентацијата. Тие беа соиграчи во црногорскиот национален тим, а сега заедно ќе ја започнат новата етапа – Рогановиќ како селектор, Ракчевиќ како негов прв соработник.

Ракчевиќ одиграл 82 натпревари за националниот тим. Беше дел од репрезентацијата на Европското првенство во 2008 година, Светското првенство во 2013 и Европското првенство во 2014 година, а кон крајот на 2013 ја носеше и капитенската лента. Тој беше дел од генерацијата која ги поставуваше темелите на црногорската репрезентација по осамостојувањето, па во федерацијата веруваат дека неговото искуство и познавање на националниот тим ќе бидат значајни во новиот циклус.

Зоран Рогановиќ во септември беше повторно поставен за селектор на Црна Гора, откако на Дидие Динар му истече договорот. За Рогановиќ ова е втор мандат. Првиот траеше од 2018 до почетокот на 2023 година, а најголемиот успех го направи на ЕП 2022, кога Црна Гора заврши на 11. место – најдобриот пласман во историјата на машката репрезентација на едно големо натпреварување.

Новиот стручен штаб нема многу време за подготовка. Црна Гора на 5 ноември во Татабања ќе гостува кај Унгарија во првото коло од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Само три дена подоцна, на 8 ноември, следува првиот домашен натпревар – против Фарските Острови во Подгорица. Во групата 4 се уште и Косово.

Share on Facebook

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Сабате и Чупиќ со истите сили од Скопје ќе се судрат и во Плоцк

Авор: Душко Андов
| 14 октомври 2026
12:48
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги објави составите на Висла Плоцк и Вардар за пресметката во Лигата на шампионите.

Стратегот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, ќе смета на истите ракометари што играа и на првиот меч во Скопје.

Надвор од комбинација останаа суспендираниот Урош Митровиќ, повредениот Милан Бомаштар, како и младите Марко Ѓорчески и Николче Нечовски.

Тренерот на Висла Плоцк, Чави Сабате, исто така смета на истите ракометари што му донесоа триумф во Скопје.

Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Вардар се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток од 20:45 часот.

Share on Facebook

Хаос на меч во Данска – нападнат волонтер заврши во болница, полицијата уапси едно лице

Авор: Редакција
| 13 октомври 2026
14:45
Share on Facebook

Ракометниот натпревар меѓу Скандерборг и Фредериција, одигран во неделата во Данска, бил прекинат во второто полувреме поради сериозен инцидент на трибините, во кој бил повреден волонтер ангажиран во организацијата на натпреварот.

Инцидентот се случил во салата „Дјурсланд Банк Арена“ во Архус, при резултат 17-17. На повреденото лице му била укажана медицинска помош, по што со амбулантно возило било пренесено во болница. Според информациите на данската телевизија ТВ 2, полицијата потврдила дека станува збор за лице кое било ангажирано како дел од организацискиот персонал.

По инцидентот, полицијата привела две лица, а едно од нив било уапсено под сомнение дека физички го нападнало волонтерот. Полицијата добила пријава по 21 часот дека едно лице било турнато и паднало на земја. Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, фотографирале и разговарале со присутните сведоци.

Дополнително биле прегледувани снимките од безбедносните камери, со цел да се утврди точниот тек на настаните и причините за инцидентот. Околностите под кои дошло до нападот засега не се целосно разјаснети.

Скандерборг преку социјалните мрежи го потврди инцидентот и изрази поддршка за повредениот волонтер.

„Најостро ги осудуваме сите форми на насилство. Нашите волонтери имаат непроценлива улога во функционирањето на клубот и секој што е дел од нашите натпревари мора да се чувствува безбедно“, соопштија од клубот.

Од Скандерборг нагласија дека нивните мисли во овој момент се со повредениот волонтер и дека засега нема да даваат дополнителни коментари.

И покрај прекинот, натпреварот продолжи и беше одигран до крај. Фредериција славеше со 31-29.

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

Share on Facebook

Ќосевски: Целта е јасна – да играме организирано и да ги искористиме нашите квалитети

Авор: Душко Андов
| 15 октомври 2026
12:21
Share on Facebook

Ракометарите на Охрид по триумфот над тимот на Кирил Лазаров, ги очекува пресметка со вториот тим од Автокоманда.

Новиот суперлигаш ќе биде последен тест за избраниците на Борис Ројевиќ пред натпреварите од ЕХФ Европскиот Куп.

Десното крило Ален Ќосевски очекува Охрид да ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Автокоманда.

„Ни следува натпревар против втората екипа од Автокоманда. Станува збор за млада и борбена екипа. Нашата цел е јасна, да играме организирано и да ги искористиме нашите квалитети“, изјави Ќосевски.

Натпреварот меѓу „витамините“ од Автокоманда и Охрид се игра в недела од 16:00 часот.

Share on Facebook