ПСЖ го спушти Келце на земја

Тимот на ПСЖ ја прекина победничката серија на Келце, која траеше пет меча во Лигата на шампионите и го совлада полскиот тим со убедливи 32-27.

Францускиот првак уште од стартот си го фати редот, поведе со 3-0, па 5-1, а по петнаесетина минути беше и највисоки плус пет, 9-4 со голот на Сипжак. Сепак во продолжение Келце успеа да фати приклучок и да се врати во игра.

Вулф одбрани два пати, Кулеш погодуваше од далечина, а со голот на Душебаев, полскиот првак имаше само минус еден во 25 минута, 14-13. Беше пропуштена шанса за реми, па ПСЖ до паузата обезбеди плус два, 16-14.

Во вториот дел ПСЖ веднаш даде погодок за 17-14, Келце намали на 18-17, но остана без столбот на одбраната Гебала, кој доби црвен картон. И покрај тоа во продолжение од мечот му парираше на домашниот тим. Беше 20-19, Хансен промаши два пати по ред, но Стеинс и Сипжак зголеми на 24-21.

Жерар влезе во елемент, добро бранеше и Вулф, но кога ќе се земе во предвид целиот меч ПСЖ доминираше на теренот заслужено на крајот ја обезбеди победата со конечни 32-27.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Хансен со седум и Ремили со шест гола, а Жерар собра 13 одбрани. Кај Келце се истакнаа Наи и Сичко со по пет погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064