Вардар сервира одмазда – тимот од Автокоманда на колена во „Јане“

Екипата на Вардар им го нанесе првиот сезонски пораз на „сино-белите“ од Автокоманда, откако во дерби дуелот од 12. коло од Супер лигата славеше на свој терен со 29:27. Сега двете екипи имаат по 22 бода на табелата, но тимот од Автокоманда останува на првата позиција, бидејќи првиот меѓусебен дуел заврши со победа на тимот на Кире Лазаров од 33:30.

Домаќините имаа одличен старт, поведоа со 3:0 преку Горига и Борозан, а гостите од Автокоманда првиот гол го постигнаа по пет минути игра. Следуваше период, во кој Вардар имаше резултатска контрола, но како одминуваше времето, така тимот од Автокоманда се враќаше во игра.

По предноста на Вардар од 5:3, гостинот со два гол во низа израмни на 5:5. Се играше гол за гол, во еден момент двете екипи наизменично се менуваа во водство, а по нерешените 9:9, гостинскиот тим за две-три минути постигна два гола и се одлепи на 11:9.

Вардар возврати со иста мера, израмни на 11:11 во 20 минута. Домаќинот во периодот од 21 до 25 минута имаше неколку шанси да дојде до плус два, но никако не успеаваше да реализира. Откако беше 13:13, тимот на Вардар најпрво поведе со 14:13, а потоа со голот на Јагуриновски дојде до 15:13, резултат кој што гласеше на полувреме.

Избраниците на Милано за неколку минути игра во второто полувреме дојдоа до18:15, но ракометарите на Лазаров не дозовлија „црвено-црните“ да имаат комоција во играта и бргу израмнија на 18:18. Двете екипи постигнаа уште по четири гола, пред Вардар да го направи вистинскиот чекор.

Беше 22:22, домаќините предводени од голманот Еспиња се одлепија на 25:22 и до крајот успеаја да ја сочуваат стекнатата предност. Вардар во последните пет минути влезе со предност од 27:24, гостите се заканија намалувајќи на 26:25, а Вардар со головите на Николиќ и Горига ја потврди посакуваната победа.

Најефикасни кај Вардар беа Дмитриј Горига со седум и Марко Срдановиќ со шест гола. Во поразениот табор се истакна Марко Митев со пет реалзиации.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186