Ол-стар тимот во Лигата на шампионите обоен во „црвено-црно“

Тренерите на 24 екипи од вкупно 28 колку што играа сезонава во рамки на Лигата на шампионите го формираа Ол-стар тимот на играчи кои покажаа најмногу на средбите одиграни во групната фаза од натпреварувањето.

Во најдобрата седумка место имаше за двајца ракометари на Вардар. Голманот Дејан Милосављев во својата прва сезона во Лигата на шампионите покажа најмногу според тренерите и тој го предводи тимот. Тука е и десниот бек Даини Кристопанс, кој ја игра својата најдобра сезона и е еден од играчите кои секогаш задаваат најголеми проблеми за одбраната на противниците.

Покрај двајца ракометари на Вардар има по двајца и од тимовите на ПСЖ и на Рајн Некар. Имаат друштво во десното крило на Келце, Блаж Јанц.

Тренерите бираа и најдобри дефанзивец, млад играч, но најдобар тренер, а таму место најде стратегот кој го предводи тимот на Пик Сегед и кој ќе биде со овој состав на 25 април во Скопје на четврт-финалето од Лигата на шампионите против Вардар.

Инаку, во десетте категории се вклучени тројца ракометари чии клубови веќе отпаднаа. Тоа се Шмид и Колбахер како најдобри центар и пивот, и Мелвин Ричардсон од Монпелје кој е најдобар млад играч. Другите седуммина ќе играат и во битката за пласман на Ф4 турнирот во Келн.

ОЛ СТАР ТИМ НА ГРУПНА ФАЗА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

ГОЛМАН: Дејан Милосављев (Вардар)

ЛЕВО КРИЛО: Уве Генсхајмер (ПСЖ)

ЛЕВ БЕК: Микел Хансен (ПСЖ)

ЦЕНТАР: Енди Шмид (Рајн Некар)

ДЕСЕН БЕК: Даини Кристопанс (Вардар)

ДЕСНО КРИЛО: Блаж Јанц (Келце)

ПИВОТ: Јаник Колбахер (Рајн Некар)

ДЕФАНЗИВЕЦ: Тобијас Карлсон (Флензбург)

МЛАД ИГРАЧ: Мелвин Ричардсон (Монпелје)

ТРЕНЕР: Хуан Карлос Пастор (Пик Сегед)