Mилосављев за 24Ракомет ТВ: Можеме да играме на било кој терен, против било кој противник (ВИДЕО)

Вардар го победи Загреб со 23-26 во финалето од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига и ја освои петтата титула. Голманот Дејан Милосављев и денеска ја одработи својата задача, но вели дека е тажен поради повредата на Дисингер.

„Јас сум искрено тажен, а и целата екипа е некако „даун“. Поради повредата на Дисингер бевме такви кога излеговме на прославата на пехарот, не беше тоа – тоа“, вели Милосављев.

Тој порачува дека Вардр може да игра на секој терен против секој ривал.

„Покажавме карактер и во полуфиналето и во финалето, покажавме дека можеме да играме на кој било терен и против кој било противник. Се надевам дека тоа ќе го покажеме и во четвртфиналето во ЛШ“, заврши вардаровиот голман.

Целосната изјава во видео прилогот…