Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари за претстојната ЕХФ недела.
Лазаров нема да смета на најискусните за оваа акција – Никола Митревски и Жарко Пешевски, камбек ќе има за Милан Лазаревски, додека на списокот ги нема Мартин Серафимов и Игор Ѓорѓиев.
Македонија ќе игра пријателски натпревар против Австрија на 21 март од 18:00 часот во градот Брегенц.
Овој дуел е дел од подготовките за бараж двомечот против Украина или Словачка за пласман на СП 2027 што ќе се одигра во мај.

























