Келце сам ќе одлучува за својата судбина, Спортинг славеше против Фредериција

Екипата на Келце ќе мора во последното коло да оди на победа против Загреб во Хрватска, бидејќи денеска успеа да освои само бод против Нант, 28:28, во натпревар од 13. коло од ЛШ.

Келце и Колстад сега имаат по девет бода на свое конто, но норвешкиот шампион утре игра против Магдебург.

Иако составот на Душебаев можеше да освои два важни бода, сепак, во последните десет секунди гостите преку Абди се изборија за реми.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА1291219
2АЛБОРГ1381417
3НАНТ1372416
4ПИК СЕГЕД1260612
5МАГДЕБУРГ1251611
6КОЛСТАД124179
7КЕЛЦЕ134189
8ППД ЗАГРЕБ133197

Фредериција повторно пружи отпор, но бодовите ги освои Спортинг, кој триумфираше со 32:29.

Португалскиот тим со освоената победа дојде до второто место во групата А и остана во игра за директен пласман во четвртфиналето.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ12110122
2СПОРТИНГ1381417
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1280416
4ФУКСЕ БЕРЛИН1270514
5ВИСЛА ПЛОЦК1350810
6ДИНАМО БУКУРЕШТ1350810
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР123278
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1311113

Висла го освои Букурешт и пак е чекор пред битолчани, Загреб елиминиран!