Малус во ТОП 5 стрелци, Валах е ВТОР најдобар голман во Лигата на Европа!

Ракометарите на Вардар направија голем успех и се пласираа директно во четвртфиналето на Лигата на Европа.

Македонскиот тим блесна кога беше најпотребно и забележа значајни победи над Бенфика на домашен терен и над Мелсунген на гостински терен.

Екипата на Иван Чупиќ се потпираше на Јака Малус, средниот бек од Словенија, кој во клучниот дел од сезоната игра во фантастична форма.

Тој не само што е одличен разигрувач, туку е и одличен стрелец, а по главната рунда на ЛЕ се наде во ТОП 5 стрелци.

Малус досега даде 57 голови, а лидер на листата на стрелци е членот на Кристијанштад Ахел Мансон, кој постигна 86 голови.

Голманот на Вардар, Милош Валах, досега забележа 102 одбрани и се наоѓа на второто место на листата на чуварите на мрежата во ЛЕ.