Репрезентативецот на Шведска, Хампус Ване, се наоѓа пред трансфер во амбициозниот второлигаш од Данска, Елит, пренесува ,,ТВ2″ и шведскиот весник „Афтонбладет“.
Искусниот Ване, кој настапува за Барселона, по завршувањето на договорот со каталонскиот гигант би можел да се врати во Скандинавија.
Екипата на Елит посакува да обезбеди пласман во најквалитетното натпреварување во Данска, но раководството на клубот знае дека играњето со најдобрите е поскапа дружба.
Швеѓанецот во Елит би бил замена за Емил Мелград, а доколку се остварат шпекулациите, тогаш Елит ќе добие многу на искуство, но и квалитетен тим за добар пласман.
Во овој клуб настапуваат неколку познати ракометари, а еден од нив е Ханс Линдберг.