Гедбан му фати зицер на Габер и доби место во ТОП 5 одбрани на колото (ВИДЕО)

Медиа тимот на Европската ракометна федерација ги избра најдобрите 5 одбрани од 8 коло во Лигата на шампионите.

Меѓу нив имаше место и за една од одбраната на Алжирецот Калифа Гедбан на дуелот со ПИК Сегед одигра во Битола.

Голманот на Еурофарм Пелистер успеа да му фати зицер на кружниот напаѓач Матеј Габер во првото полувреме од мечот.

Покрај Гедбан, место во ТОП 5 имаше и за Марсел Јастржебски од Висла Плоцк, Игнасио Биоска од Веспрем, Андреас Вулф од Келце и Матеј Мандиќ од Загреб.

Погледнете…