Aко не гледавте вчера: Најдоброто од Македонија – Јапонија во 100 секунди (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија стартуваше на Светското првенство со победа од 38:29 против Јапонија и на најдобар можен начин беа обезбедени два бода со кои се влезе во Мундијалот. Јапонците се покажаа како одличен противник, но дефинитивно разликата во класа е голема и тука немаше ништо непредвидено така што победата е заслужена.

На средбата имаше интересни моменти во кои и двете селекции се покажаа во добро издание, но Македонија имаше далеку порасположени играчи кои знаеја што сакаат во текот на сите 60 минути и демонстрираа квалитет со кој се дојде до посакуваниот резултат на крајот.

Оваа победа е добредојдена пред дуелите со Бахреин (недела, 14:00ч) и Хрватска (понеделник, 18:00ч), а како изгледаше овој дуел можете да погледнете во видеото во продолжение. Во него се најдобрите моменти од средбата споени во 100 секунди.