„Пантерот“ ќе гризе во Египет – им запре пенал на „викинзите“ (ВИДЕО)

Македонија го игра првиот натпревар на Мундијалот во Египет против Шведска. Репрезентативниот голман на Македонија, Мартин Томовски го има својот дебитантски настап на едно Светско првенство и веднаш имаше фантастична одбрана. На натпреварот против Шведска, Томовски влезе од клупата на местото на Митревски за да се обиде да одбрани семдерец наа дотогаш непогрешливиот Хампус Ване. И веднаш во првиот обид успеа да запре седмерец на противникот. Одбраната погледнете ја во следното видео.