24РАКОМЕТ ТВ ИНТЕРВЈУ СО ДАНИЛО БРЕСТОВАЦ: Да не станев тренер, сигурно ќе бев новинар!

Некогашниот голман на Ѓорче Петров, Вардар, Металург, Тутунски Комбинат Бренд и францускиот Вилфранш, како и поранешен репрезентативен чувар на мрежата на македонската репрезентација, а сегашен предводник на сениорите – Данило Брестовац, имаше одличен почеток на новото поглавје во неговата селекторска кариера.

Иако беше дочекан „на нож“ од ракометната јавност и со голема доза на скептицизам, сепак ги демантираше критичарите и освои три бодови од можни четири во двете пресметки со Исланд и сега Македонија се наоѓа во пол-позиција во борбата за место на континенталниот собир во 2020 година.

За неговите почетоци на ракометните терени, за националните селекции, за клановите во репрезентацијата, за новинарската кариера, за Металург и за уште многу други нешта, погледнете во интервјуто со Данило Брестовац за 24РАКОМЕТ ТВ…