Шоу на Митревски – со три одбрани по ред го откажа Динамо (ВИДЕО)

Португалскиот првак Порто ја забележа првата победа во оваа сезона од Лигата на шампионите.

Предводени од македонскиот репрезентативец Никола Митревски, домашните славеа против Динамо Букурешт со убедливи девет гола разлика, 32-23.

Македонецот го заврши мечот со 12 одбрани, а три од нив беа по ред во првото полувреме, што предизвика овации на трибините во Порто.

Најпрво Митревски одбрани два шута на хрватскиот бек Кудуз, а потоа симна зицер на египетскиот пикер Мамду.

Погледнете…