Црна Гора е бронзена на ЕП!

Селекцијата на Црна Гора го освои бронзениот медал на Европското првенство, откако славеше во драматичен натпревар со две продолженија над Франција со 27-25. Црногорките можеа да го решат мечот уште во регуларниот дел, но на крајот и без повредната Раичевиќ и без Грбиќ, која доби црвен картон, успеаја да стигнат до третото место. Французинките потфрлија најмногу во нападот, а Заади не го погоди последниот пенал, кога можеше мечот да го однесе и во нови возбудувања и нови продолженија од две минути. Потоа Црна Гора реализира прекку Јауковиќ и веќе немаше дилеми кој ќе слави.

Селекцијата на Франција поведе со 3-1 и 4-2, но Аливодиќ и Јауковиќ израмнија на 4-4. Потоа Батиновиќ имаше неколку одбрани и Црна Гора направи пресврт, откако Радичевиќ погоди за 8-6. Но и Дарле беше одлична на францускиот гол, па им овозмможи на своите колешки да се вратат веднаш во игра и да израмнат на 8-8. Екс десното крило на Вардар беше прецизно и од пенал, па Црна Гора си ја врати предноста на своја страна, 10-8.

Јауковиќ, Грбиќ и Плетикосиќ имаа три грешки по ред, па беше редот на Франција за серија погодоци. По 11-9, избраничките на Крумболц погодија три пати за 12-11, а последениот гол беше дело на  Нзе Минко со прекрасен удар од далечина. Плетикосиќ израмни на 12-12, а Заади не го реализираше последниот удар за Франција. Црна Гора имаше напад за водство, а во последните секунди од првиот дел, Грбиќ биеше неодбранливо во голот на Дарле, за плус еден на пауза, 13-12.

Французините израммнија на стартот на вториот дел на 13-13, но потоа осум минути не можеа да ја совладаат Батиновиќ. За тоа време, Црна Гора ги казни сите грешки и се одлепи на највисоки плус три, 16-13. Крумболц се обиде со тајм-аут да ги смири неговите избранички, пробуваше со Хорачек и со Серсиен на бековските позиции, па Франција се врати на минус еден, 18-17. Но потоа беа исклучени Канор и Хорачек, и Црна Гора лесно се врати на плус три.

Немаше промена на резултатот четири минути, пред Канор да намали на 20-18. Французинките заиграа подобро во продолжение во одбрана, ја затворија Јауковиќ и на пет минути до крај израмнија на 20-20. Поповиќ реагираше со минута одмор, но постот на Црна Гора без гол беше 10 минути, се додека Радичевиќ не израмни на 21-21. На стартот на последните 60 секунди на Фопа и беше досуден фаул во напад, па Јауковиќ по подолго време стрелаше за црногорско водство.

Французинките направија пробивање, но Црна Гора исто така не ја задржа топката. На две секунди до крај Грбиќ спречи Французинките да го почнат нападот, доби црвен картон и имаше пенал за Франција, кој го реализира Заади за 22-22 и мечот мораше да оди во продолженија.

По еден гол на двете страни за 23-23, Франција имаше шанса за водство, но Батиновиќ одлично одбрани. Плетикосиќ казни на спротивната страна за 24-23, а црногорската голманка и одбрани удар и на Заади во последната секунда од првото продолжение. Франција остана со играч помалку, направија пенал, кој го погоди Радичевиќ за плус два, 25-23. Беше 26-24 на минута и пол до крајот, Франција имаше пенал но Заади промаши и црногорското славје можеше да почне.

Радичевиќ и Јауковиќ постигнаа по шест гола, а голманката Батиновиќ имаше 12 одбрани. Кај Франција се истакнаа Грание и Нзе Минко со по четири погодоци. Во финалето на ЕП ќе играат Данска и Норвешка.