Уште две непознати ќе се откријат во претпоследниот решавачки ден, од првата елитна елиминациска фаза

Екипата што сезонава доминира во Премиерлигата, најверојатно ќе се пласира во ¼ финалето во Лигата на шампионите. Во спортот нема најверојатно, особено во фудбалет се е можно до последниот свиреж на судијата, па затоа ќе почекаме и ќе гледаме на Арена Спорт ТВ, да го видиме исходот од реваншот меѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах.

Првиот дуел заврши 2:0 за Англичаните. Германскиот тим има шест врзани порази, што не е ветувачка форма пред пресметката со составот на Пеп Гвардиола, но од друга страна може да биде и мотив за докажување. Синиот тим од манчестер, има 23 победи на последните 24 настапи во сите натпреварувања, што е секако адут кој е на страната на оваа екипа.

Кралскиот клуб е рекордер во Лигата на шампионите во сите можни релевантни статистики и податоци, а со победата од 0:1 во првиот меч, против Аталанта влегува како фаворит во оваа пресметка. Но, играчите на Зинедин Зидан не смеат да се потпрат на овој еден гол постигнат на гости, кој може да биде меч со две острици.

На последните 6 натпревари Реал Мадрид загуби две средби, падна на третата позиција во Шпанија и дозволи Барселона да го престигне на втората, зад Атлетико. Аталанта е на четвртата позиција во италијанското Калчо, но не е сигурна затоа што се бори со Наполи за последниот билет кој води во ЛШ следната сезона, а на последните шест дуели има спротивен ефект од мадридскиот тим.

Освен Лигата на шампионите на УЕФА, на Арена Спорт, отсега достапна и преку А1 Македонија стандардно ќе ги гледаме мечевите од АБА Лигата, ФИБА Лигата на шампионите, НБА Лигата, ВТБ Лигата, француската фудбалска лига, регионалните домашни фудбалски првенства и сите останати премиерни спортски настани, собрани на едно место, на најдобрата спортска платформа во регионот.