Стојковска е МВП на колото во Бундес лигата!

Репрезентативката на Македонија, Симона Стојковска, која настапува во Бундес лигата, беше избрана за МВП во 13. коло во најквалитетното германско натпреварување.

Стојковска со екипата на Цвикау  славеа победа на гостувањето кај Ваиблинген со 27:26 (14:9) и направија голем исчекор во борбата за опстанок.

Битолчанката беше предводник во тимот на Цвикау, постигна девет погодоци, имаше три асистенции, како и една украдена топка.

Цвикау во досегашниот тек од сезоната има забележано четири победи, едно реми и осум порази. Тимот на Стојковска се наоѓа на 11. позиција, која носи опстанок во германската елита.